Петрушевски: Филипче предлага мерки кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложи во 2022 година, Владата работи да имаме најевтини енергенси во регионот
- Она што денес Филипче го бара, уште во 2022 година, по силниот наш притисок, се воведе преку измена на член 92 од Закон за акцизите и се овозможи намалување на акцизата кога цените на горивата на светските берзи нагло растат (DNA механизам).
Скопје, 9 март 2026
Неинвентивниот Венко Филипче денес на прес-конференција предлага мерки кои ние ги предложивме уште во 2022 година, кога бевме опозиција, а неговата влада одбиваше дури и да ги слушне, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од Фејсбук објавата на пратеникот Бране Петрушевски, што МИА ја пренесува интегрално.
Она што денес Филипче го бара, уште во 2022 година, по силниот наш притисок, се воведе преку измена на член 92 од Закон за акцизите и се овозможи намалување на акцизата кога цените на горивата на светските берзи нагло растат (DNA механизам).
Тогаш, истата таа влада на СДС планираше и нова „еколошка” такса со која цената на горивата дополнително ќе се зголемеа. За среќа, како опозиција тогаш успеавме да го блокираме тој закон.
Врвот на лицемерието на Филипче и СДС е тоа што како власт го зголемија ДДВ за голем број прехранбени производи, за денес од опозиција наводно да бараат намалување.
За разлика од неодговорната опозиција која се обидува да сее страв и паника, денес имаме одговорна Влада која работи граѓаните да имаат меѓу најевтините енергенси во регионот, со што ќе се амортизира ценовниот шок, и покрај реалноста дека глобалните движења на цените создаваат притисок за поскапување.
Фото: МИА архива