• петок, 20 февруари 2026

Петрушевски: Филипче е должен на граѓаните да им одговори дали имал цел со преземање на болницата „Жан Митрев“ да си приватизира за лична корист пари од народот

Петрушевски: Филипче е должен на граѓаните да им одговори дали имал цел со преземање на болницата „Жан Митрев“ да си приватизира за лична корист пари од народот

26 јануари 2026

На Венко Филипче, за седум години власт на СДС, очигледно во фокусот му биле само работи од личен интерес и интерес на неколумина негови другари, а главните зделки ги планирал со менторот Заев, истакна Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција, што МИА ја пренесува интегрално.

Една од нив е и идејата, поточно планот, да ја преземат Клиничката болница „Жан Митрев“. Случај што се актуализира по неодамнешната изјава и потврда за ова од доктор Жан Митрев.

Шемата, како во сите случаи, така и во овој, е користењето исти нивни техники, изнуда, притисоци, влијание во судски постапки, како што и му нуделе на Митрев.

Очигледно планот за преземање на приватна болница не им поминал, што е добро затоа што практично тоа ќе значело да си ги приватизираат парите на граѓаните за свои цели.

Филипче дека имал добро подготвен план, говори еден клучен факт, а тоа е зголемувањето на сумата од ФЗО што ѝ се префрла на болницата. Сумата во 2020 година достигнала приближно 11 милиони евра, што е речиси двојна за разлика од сумата одвоена за болницата во 2015 година.

Тоа е класичен план за присвојување пари на граѓаните за лична корист или приватизирање народни пари.

Филипче е должен на граѓаните да им одговори дали навистина имал цел со преземање на Клиничката болница „Жан Митрев“ да си приватизира за лична корист пари од народот.

Исто така, Јавното обвинителство несомнено да го истражи случајот со Клиничката болница „Жан Митрев“.

Граѓаните заслужуваат одговори, а ВМРО-ДПМНЕ продолжува посветено да работи за интересите на народот.

Линк од видеоматеријал:
https://www.youtube.com/watch?v=L82tvR__XLY

https://www.swisstransfer.com/d/64b83237-290c-42aa-89ab-0f5e8ad3a1a5

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан