• сабота, 21 февруари 2026

Петрушевски: Заев и Филипче му нуделе помош за судската постапка на д-р Жан Митрев во замена за неговата болница

Петрушевски: Заев и Филипче му нуделе помош за судската постапка на д-р Жан Митрев во замена за неговата болница

21 јануари 2026

Заев и Филипче му нуделе помош за судска постапка на д-р Жан Митрев во замена за неговата болница. Преку државните институции и инсталациите во правосудството Заев и Филипче вршеле притисок врз д-р Жан Митрев за на легален начин и по релативно ниска цена да ја откупат болницата, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција, што МИА ја пренесува интегрално.

По замрзнувањето на личните сметки на д-р Жан Митрев, како и сметката на истоимената болница, тој бил спречен да продава удели од болницата додека траела судската постапка.

Но Заев и Филипче тоа не ги спречило. Користејќи ја својата политичка моќ како власт во државата, ургирале да се тргне забраната за продажба на удели во болницата и му дале предлог на д-р Жан Митрев да им ја продаде болницата по багателна цена, а тие да му помогнат во судската постапка.

Овој однос и начин на функционирање на СДС за нас не е непознат, но одговорност мора да има. Само да потсетиме, болницата „Жан Митрев“ не е прва болница за која во јавноста се лиферуваа информации дека Заев и Филипче сакале да ја откупат.

Изјавите на д-р Жан Митрев за односот на минатата криминална и корумпирана власт предводена од СДС, Заев и Филипче кон него и неговата болница ЈО треба да ги истражи, а одговорност мора да има!

Линк од видеоматеријал:

https://www.youtube.com/watch?v=Rb0kEuMK5cE

https://www.swisstransfer.com/d/7e0bee09-13cf-4ead-9a5c-0f2d775950d8

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан