• петок, 20 февруари 2026

Петро на 3 февруари ќе се сретне со Трамп

Петро на 3 февруари ќе се сретне со Трамп

Богота, 15 јануари 2026 (МИА) - Претседателот на Колумбија, Густаво Петро, изјави дека на 3 февруари ќе се сретне со американскиот колега Доналд Трамп.

- Ќе ги видиме резултатите од оваа средба, таа е клучна. Сакам Колумбијците во сите делови од земјата да не страдаат и да може да живеат во мир - посочи Петро.

Трамп, по минатонеделниот телефонски разговор со Петро, ја најави посетата на колумбискиот претседател на Вашингтон.

Претходно, Трамп ѝ се закани на Колумбија со воена интервенција бидејќи не презема доволно мерки за спречување на илегалната трговија со наркотици. Тој го опиша Петро како „болен човек, кој сака да произведува кокаин и да го продава во САД, а тоа нема уште долго да го прави“. ми/мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан