Петер Соренсен ќе биде специјален претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово, потврдија амбасадорите на ЕУ
- Амбасадорите на Европската унија (ЕУ) денеска потврдија дека дипломатот од Данска, Петер Соренсен, ќе биде специјален претставник на блокот за олеснување на дијалогот меѓу Косово и Србија.

Брисел, 24 јануари 2025 (МИА) - Амбасадорите на Европската унија (ЕУ) денеска потврдија дека дипломатот од Данска, Петер Соренсен, ќе биде специјален претставник на блокот за олеснување на дијалогот меѓу Косово и Србија.
Соренсен беше избран од високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас да го замени Мирослав Лајчак на таа функција.
Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе дадат конечно одобрение в понеделник, за Соренсен да може да го започне својот мандат на почетокот на февруари.
Мандатот на досегашниот пратеник Лајчак истекува на 31 јануари. рп/
Фото: МИА архива