• сабота, 22 февруари 2025

Песков: Трамп фактички ја продава американската воена помош на Украина

Песков: Трамп фактички ја продава американската воена помош на Украина

Москва, 6 февруари 2025 (МИА) - Висок руски функционер го критикуваше предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп дека може да продолжи воено да и помага Украина во замена за пристап до нејзините вредни минерални резерви.

„Ако ги наречеме работите онакви какви што се, ова е предлог да се купи помош - со други зборови, да не се дава безусловно или поради некоја друга причина, туку да се обезбеди конкретно на комерцијална основа“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, објави „Политико“.

„Се разбира, подобро би било воопшто да не се пружи помош, бидејќи тоа ќе придонесе за прекин на овој конфликт“, додаде Песков.

Трамп во понеделникот објави дека „сака да склучи договор со Украина“ во кој САД ќе обезбедат воена помош за војната против рускиот претседател Владимир Путин во замена за украинските „ретки земји“.

„Ретките земји“ или лантаноидите се група од 17 елементи со слични карактеристики, но различни од другите метали. Тие особини ги направија барана стока на меѓународните пазари, бидејќи овие скапи минерали се важни компоненти на делови за современи електронски уреди.

„Инвестираме стотици милијарди долари. Тие имаат големи „ретки земји“, а јас сакам сигурност на „ретките земји“, рече тој во Вашингтон, додавајќи дека Украина е „подготвена да го направи тоа“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан