• сабота, 22 февруари 2025

Песков: Путин е подготвен за контакт со Трамп, Москва чека сигнали

Песков: Путин е подготвен за контакт со Трамп, Москва чека сигнали

Moсква, 24 јануари 2025 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за контакт со американскиот претседател Доналд Трамп, Москва чека сигнали и навремено ќе ја информира јавноста за можниот разговор, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Путин е подготвен, чекаме сигнали, сите се подготвени“, рече Песков, одговарајќи на новинарско прашање дали за викендот очекува контакти меѓу претседателите на Русија и САД, додавајќи дека е „тешко да се предвиди“ што ќе се случи.

Песков, исто така, рече дека конфликтот во Украина произлегува од заканата за руската национална безбедност и целосното одбивање на Западот да ја слушне загриженоста на руската страна за заканите за Русите кои живеат на територии кои еднострано прогласија отцепување од Украина. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан