Пезешкијан: Посветени сме на мирот, но без двоумење го браниме достоинството на Иран
- Посветени сме на траен мир во регионот, но без двоумење го браниме достоинството и суверенитетот на нашата нација. Медијацијата треба да се справи со оние кои го потцениле иранскиот народ и го разгореле овој конфликт, објави Пезешкијан на платформата Икс
Техеран, 6 март 2026 (МИА) – Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан денеска изјави дека некои држави повеле иницијатива за медијација, но оти одговорот на Техеран е јасен.
- Посветени сме на траен мир во регионот, но без двоумење го браниме достоинството и суверенитетот на нашата нација. Медијацијата треба да се справи со оние кои го потцениле иранскиот народ и го разгореле овој конфликт, објави Пезешкијан на платформата Икс.
Американскиот претседтаел Доналд Трамп синоќа изјави дека Иран се обидува да постигне договор со САД, но оти „малку е доцна за тоа“.
- Тие се јавуваат, прашуваат: Како можеме да постигнеме договор? Јас реков: Малку доцните, посочи Трамп, додавајќи дека САД во моментов повеќе од Иран сакаат да продолжат да се борат, истакна Трамп.
Тој најави дека американската армија, заедно со Израел, ги продолжува своите операции против Иран. ми/ссм/
фото:ДПА