• сабота, 22 февруари 2025

Пезешкијан: Иран не се стреми да развие нуклеарно оружје

Пезешкијан: Иран не се стреми да развие нуклеарно оружје

Техеран, 6 февруари 2025 (МИА) - Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави денеска дека неговата земја не се стреми да развие нуклеарно оружје.

Изјавата на Пезешкијан беше одговор на коментарот на американскиот претседател Доналд Трамп дека Иран не треба да има нуклеарен арсенал.

„Ние не се стремиме кон нуклеарно оружје“, рече Пезешкијан на состанокот со странски дипломати во Техеран.

Тој нагласи дека ова е „лесно проверливо“ тврдење.

Пезешкијан се повика на одамна издадениот верски декрет од иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, со кој се забранува нуклеарно оружје. Тој изјави дека Иран не се стреми да набави такво оружје, бидејќи убивањето на невини луѓе е неприфатливо во доктрината на Исламската Република.

Трамп вчера изјави дека Иран не може да има нуклеарно оружје, но поддржува мирно решавање на прашањето. Еден ден претходно, американскиот претседател рече дека ја поддржува политиката на максимален притисок врз Техеран. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан