„Партнерство за здравство“ - конференција со општествено одговорните фактори за приоритетните цели во здравството
- Во организација на Министерството за здравство денеска се одржа конференција со наслов „Партнерство за здравство", посветена на стратешките приоритети на здравствениот систем и идентификуваното портфолио на проекти за партнерска поддршка. На настанот присуствуваа претставници од бизнис-секторот, странски компании и меѓународни организации, како и амбасадори и претставници на дипломатскиот кор, се вели во соопштението од Министерството за здравство, што МИА го објавува интегрално.
Скопје, 30 јануари 2026 (МИА) - Во организација на Министерството за здравство денеска се одржа конференција со наслов „Партнерство за здравство“, посветена на стратешките приоритети на здравствениот систем и идентификуваното портфолио на проекти за партнерска поддршка. На настанот присуствуваа претставници од бизнис-секторот, странски компании и меѓународни организации, како и амбасадори и претставници на дипломатскиот кор - се вели во соопштението од Министерството за здравство, што МИА го објавува интегрално.
- Поддршката од општествено одговорните факлтори е од големо значење за напредокот на здравствениот систем. Токму затоа сметам преку партнерски однос може да дојдеме до остварување на приоритетите во здравството. Нашата цел е првпат системски да ја канализираме поддршката и да ја насочиме онаму каде што е најпотребна - истакна министерот за здравство Азир Алиу во обраќањето.
Министерот Алиу ги презентира стратешките приоритети во здравството за периодот 2024 - 2028 и особено се осврна на оптимизација и функционална реорганизација на здравствениот систем, со цел регионално балансиран и еднаков пристап до здравствените услуги за сите пациенти.

- Како Влада сме фокусирани на континуирана едукација и трансфер на знаење на медицинскиот персонал, со ангажирање врвни странски експерти за едукација на нашиот кадар, во насока на воведување нови дијагностички и терапевтски методи - потенцира Алиу.
Тој се осврна и на националната здравствена стратегија за млади лекари, чија цел е подобрување на условите за работа и финансиска стимулација за спречување на одливот на младите лекари.
- Во следниот период активно ќе работиме и на развој и имплементација на стандардизирани болнички процедури за квалитетна и безбедна здравствена заштита, односно стандардизирани патеки за упатување на пациентите со цел намалување на неоправданите упатувања од едно на друго ниво на здравствена заштита. Исто така, еден од приоритетните проекти е и Националниот систем на парамедици, како дел од итната медицинска помош, со што дополнително ќе го зајакнеме одговорот на здравствениот систем во итни случаи - заклучи Алиу.
Тој се осврна на стручните упатства за практикување медицина базирана на докази, унапредување на Националниот здравствен информативен систем во рамките на дигитализацијата на здравството и имплементација на меѓународни стандарди (здравство без хартија) и национален интероперабилен слој за е-здравство.
Фото Министерство за здравство