• петок, 21 февруари 2025

Партијата на Вилдерс е против испраќање холандски војници во Украина

Партијата на Вилдерс е против испраќање холандски војници во Украина

Амстердам, 17 февруари 2025 (МИА) - Партијата на слободата на Герт Вилдерс, која е дел од владината коалиција во Холандија, е против испраќање холандски војници во Украина, јавува телевизијата Ен-О-Ес. Лидерот на екстремно десничарската партија тоа го објави на „Икс“.

Според Вилдерс, Холандија веќе учествува во многу мисии и холандската територија исто така мора да биде заштитена.

„Освен тоа, во Холандија се уште има десетици илјади Украинци, нека се вратат да и помогнат на сопствената земја, дури и како војници“, напиша Вилдерс во својата објава.

Ставот на најголемата коалициона партија е во спротивност со ставот што премиерот Дик Схоф го искажа за ова прашање во текот на викендот, потсетува телевизијата.

Премиерот изјави дека Кабинетот позитивно гледа на учеството во мировните сили за заштита на Украина по договорот со Русија.

„Ние разбираме дека Европа треба да направи нешто во врска со тоа“, рече Шоф на големата безбедносна конференција во Минхен, пренесе Холандската национална новинска агенција.

Холандските медиуми потсетуваат дека денеска во Париз се собираат шефови на влади на седум европски земји, меѓу кои и холандскиот премиер, како и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. рп/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан