• недела, 01 март 2026

Партијата Бумџаитаи на премиерот Чарнвиракул води на парламентарните избори во Тајланд

Партијата Бумџаитаи на премиерот Чарнвиракул води на парламентарните избори во Тајланд

Бангкок, 8 февруари 2026 (МИА) - Со преброени 15,15 проценти од гласовите, партијата Бумџаитаи на тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул води на парламентарните избори во Тајланд.

Бумџаитаи води пред Народната партија и поранешната владејачка партија Тајландски пат, покажаа прелиминарните податоци од изборната комисија.

Тајланѓаните гласаа за 500 членови во долниот дом на парламентот.

Од тие 500 места, 400 се избираат директно во едномандатни изборни единици.

Останатите 100 се места од партиските листи утврдени со пропорционален систем.

Право на глас имаат 52,92 милиони граѓани.

Изборите беа придружени со референдум за тоа дали Тајланд треба да го замени уставот од 2017 година, кој беше изготвен со помош на војската.

Продемократските групи го сметаат новиот устав за клучен чекор во намалувањето на влијанието на институциите како што се војската и судството, додека конзервативците предупредуваат дека тој би можел да предизвика нестабилност. мс/

фото: ДПА

Остани поврзан