• недела, 01 март 2026

Калас: Сега има отворен пат кон поинаков Иран

Калас: Сега има отворен пат кон поинаков Иран

Брисел, 1 март 2026 (МИА) – Шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, е „дефинирачки момент во историјата на Иран“.

„Она што следи е неизвесно. Но, сега постои отворен пат кон поинаков Иран, таков каков што неговиот народ може да има поголема слобода да го обликува“, напиша Калас на Х.

„Во контакт сум со партнерите, вклучително и оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени акции, за да најдеме практични чекори за деескалација“, додаде таа. јт/

Остани поврзан