Иран го именува Алиреза Арафи во лидерскиот совет по убиството на Хамнеи
- Иран го именуваше ајатолахот Алиреза Арафи во својот привремен лидерски совет, кој ќе биде на чело на земјата по убиството на врховниот водач, ајатолахот Али Хамнеи.
Техеран, 1 март 2026 (МИА) – Иран го именуваше ајатолахот Алиреза Арафи во својот привремен лидерски совет, кој ќе биде на чело на земјата по убиството на врховниот водач, ајатолахот Али Хамнеи.
„Советот за одредување на интересите на државата го избра ајатолахот Алиреза Арафи за член на привремениот лидерски совет“, објави портпаролот на овој совет, Мохсен Дехнави, во објава на Х.
Привремениот совет, во кој ќе бидат вклучени и претседателот и шефот на судството, ќе ја води земјата додека Собранието на експерти „не избере постојан лидер во најбрз можен рок“.
Алиреза Арафи е влијателна фигура во иранската хиерархија, познат како директор на Исламските семинарии и член на Советот на чувари. јт/