• недела, 01 март 2026

Бахреин соопшти дека хотел во Манама е оштетен во ирански напад

Бахреин соопшти дека хотел во Манама е оштетен во ирански напад

Манама, 1 март 2026 (МИА) – Министерството за внатрешни работи на Бахреин соопшти дека хотелот „Crowne Plaza“ во главниот град, Манама, бил цел на напад.

Ударот резултирал со материјална штета „но без загуба на животи“, се додава во соопштението.

Бахреин вчера соопшти дека ракетен напад бил насочен кон штабот на 5-тата флота на американската морнарица во островското кралство, а три згради беа оштетени во Манама. јт/

 

Остани поврзан