• сабота, 22 февруари 2025

Парламентот на Ел Салвадор усвои реформа со која на малолетните престапници им се дозволува да отслужуваат казни во затвори за возрасни

Парламентот на Ел Салвадор усвои реформа со која на малолетните престапници им се дозволува да отслужуваат казни во затвори за возрасни

Сан Салвадор, 13 февруари 2025 (МИА) - Конгресот (парламентот) на Ел Салвадор одобри реформа со која се дозволува малолетниците осудени за злосторства поврзани со организираниот криминал да бидат сместени во затвори за возрасни, во посебни делови на казнените институции.

Мерката ќе се однесува на деца под 18 години кои биле дел од банди и биле осудени за тешки кривични дела како што се убиства, киднапирања и трговија со оружје, објави Конгресот.

Тоа ќе спречи да бидат третирани на ист начин како оние кои сториле помали кривични дела, како и поединечни или повремени прекршувања, се вели во официјалното соопштение.

Новиот закон е дел од контроверзната војна против организираниот криминал предводена од салвадорскиот претседател Најиб Букеле. Од 2022 година, тој воведе вонредна состојба, суспендирајќи некои уставни права, воведе масовни судења и изгради таканаречен мега-затвор.

Групите за човекови права тврдат дека некои затвореници, вклучително и деца, се подложени на тортура, иако владата вели дека тортура не се врши во затворите.  

САД размислуваат за испраќање американски државјани осудени за злосторства во затворите во Салвадор. Владата на Салвадор не дава редовно информации за бројот на деца во затвор или истражен затвор. Во февруари минатата година објави дека 1.065 деца биле осудени од почетокот на вонредната состојба.

Според Хјуман рајтс воч, нивниот број се зголемил за време на вонредната состојба. Помеѓу март 2022 година и декември 2023 година приведени се повеќе од 3.300 деца. За споредба, просечниот годишен број на луѓе во центрите за притвор за малолетници помеѓу 2018 година и и 2021 година беше 805 луѓе. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан