Папата Франциск не може да го чита говорот на аудиенцијата поради бронхитис
- Папата Франциск објави дека не може лично да го чита говорот на неговата аудиенција денеска поради пневмонија, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.

Рим, 12 февруари 2025 (МИА) - Папата Франциск објави дека не може лично да го чита говорот на неговата аудиенција денеска поради пневмонија, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.
Папата побара од помошникот да го прочита текстот, велејќи: „со мојот бронхитис не можам“ да читам.
„Се надевам дека следниот пат ќе можам“, додаде тој, обраќајќи им се на верниците во Ватикан.
На синоќешното отворање на популарниот италијански музички фестивал „Сан Ремо“ Папата зборуваше преку видео.
Во својата порака, тој ја опиша музиката како „инструмент на мирот“ и „јазик што го зборуваат сите народи за да може да допре до сите срца“. паг/
Фото: МИА архива