• сабота, 21 февруари 2026

Папата Лав повика на искоренување на антисемитизмот во светот

Папата Лав повика на искоренување на антисемитизмот во светот

Рим, 28 јануари 2026 (МИА) - Папата Лав денеска повика на искоренување на антисемитизмот во светот одбележувајќи го годишното сеќавање на холокаустот со молитва за свет без предрасуди и расизам.

- Во оваа годишнина на болно сеќавање го молам Семоќниот за дар на свет без антисемитизам и без предрасуди, угнетување или прогон на кое било човечко суштество - изјави папата за време на својата неделна аудиенција во Ватикан.

Лав, првиот папа од Соединетите Американски Држави, упати апел до светските лидери „секогаш да останат будни за ужасот на геноцидот никогаш повеќе да не погоди ниеден народ“.

Папата Лав, како и неговиот претходник папата Франциско, повеќепати го осуди антисемитизмот откога во мај минатата година стана поглавар на Католичката црква, која брои речиси 1,4 милијарда верници. ссм/

фото: архива

Остани поврзан