• сабота, 21 февруари 2026

Панова: Целта на „Безбеден град“ е да имаме што помалку човечки жртви, да запре дивеењето на улиците и да имаме нормален сообраќај во градовите

Панова: Целта на „Безбеден град“ е да имаме што помалку човечки жртви, да запре дивеењето на улиците и да имаме нормален сообраќај во градовите

28 јануари 2026

Во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизијата „Алфа“ гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, која зборуваше за многу актуелни теми, меѓу кои и за проектот „Безбеден град“, кој ќе почне од 1 февруари сè со цел да се стави ред и безбедност во сообраќајот, намалување на сообраќајните прекршоци и на човечките жртви посочувајќи дека првично ќе биде воспоставен во Скопје, Куманово и Тетово, а понатаму и во цела Македонија, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

- „Безбеден град“ е проект со кој сите треба да се гордееме, со кој покажуваме дека Европа можеме да ја донесеме дома. Нашата Влада и Панче Тошковски цврсто решени да ги намалат жртвите што ги имаме на македонските улици почнаа длабоко да го работат проектот и еве стигнавме до тоа дека од 1 февруари влегува во сила овој проект, кој ќе значи поголема безбедност, најпрвин на улиците на Скопје, Куманово и Тетово а понатаму и во сите градови во Република Македонија. Морам да потенцирам дека интенцијата за безбедна Македонија е хумана интенција, поентата е да се спасат што е можно повеќе човечки животи - вели Панова.

Пратеничката Панова потенцира дека проектот „Безбеден град“ уште во тест-фазата покажал резултати во однос на намалување на бројот на сообраќајни несреќи и човечки жртви истакнувајќи дека целта на проектот е воспоставување ред и нормален сообраќај во градовите во Македонија.

- Овој проект носи резултати, при првите мерења што се направени или споредбени периоди за разлика од претходната година - дали станува збор за сообраќајни прекршоци или станува збор за човечки жртви или телесни повреди - се многу намалени. Што значи проектот дава резултати уште пред да почне, сите треба да знаат дека целта на „Безбеден град“ е да имаме што помалку човечки жртви, да запре дивеењето на улиците, да запре возењето од оние што немаат возачка дозвола, да запре минување на црвено, да запре непрописното паркирање и самото тоа да придонесе да имаме нормален сообраќај во градовите. Според уверувањата што ни се дадени од страна и на министерот Тошковски и на целата Влада, ветувањата се дека до  крајот на 2026 година безбедна ќе биде цела Македонија, не само градовите Скопје, Куманово и Тетово - рече Панова.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан