• сабота, 22 февруари 2025

Палестинското претседателство во Западниот Брег го обвини Израел за етничко чистење

Палестинското претседателство во Западниот Брег го обвини Израел за етничко чистење

Рамала, 3 февруари 2025 (МИА) – Палестинското претседателство ја осуди вчерашната опреација на израелската армија во Западен Брег, оценувајќи ја како етничко чистење.

Портпаролот на претседателството, Набил абу Рудеин истакна дека израелските воени операции изминатите денови, посебно во северниот дел на Западен Брег, се со цел насилно раселување и етничко чистење и упати апел до американската администрација да „интервенира пред да биде предоцна“.

Израел вчера спроведе голема воена операција во северниот дел на окупираниот Западен Брег, при што се уништени повеќе згради. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан