Палестинските власти уапсија репортер на Ал Џазира
- Новинската мрежа Ал Џезира денеска соопшти дека палестинските власти го уапсиле нивниот известувач Мохамед ал-Атраш, откако го спречиле да известува за израелска операција во окупираниот Западен Брег

Доха, 23 јануари 2025 (МИА) – Новинската мрежа Ал Џезира денеска соопшти дека палестинските власти го уапсиле нивниот известувач Мохамед ал-Атраш, откако го спречиле да известува за израелска операција во окупираниот Западен Брег.
Во соопштението се наведува дека палестинските безбедносни сили претходно го спречиле новинарот да известува за големата израелска воена операција во Џенин, епицентарот на израелско-палестинското насилство во последните години.
Палестинските власти почнаа акција против вооружени лица во градот кон крајот на минатата година. Тие не го коментираа овој инцидент.
И Израел и палестинските власти ја забранија Ал Џезира минатата година. Израел ја обвинува новинската мрежа дека е портпарол на Хамаси тврди дека некои од нејзините известувачи се исто така милитанти.
Ал Џезира ги отфрли обвинувањата и ги обвини Израел и палестинските власти дека се обидуваат да го замолчат објективно известување.
Палестинската управа раководи со делови од окупираниот Западен Брег и соработува со Израел за безбедносни прашања. ми/
фото: МИА архива