Палестинските власти не се согласуваат со планот на Трамп за раселување на жителите на Газа
- Палестинските власти категорично го отфрлија предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на жителите на Појасот Газа, јави ДПА.

Тел Авив, 5 февруари 2025 (МИА) - Палестинските власти категорично го отфрлија предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на жителите на Појасот Газа, јави ДПА.
-Палестинското раководство зазема цврст став дека решението со две држави, засновано на постоење на две држави и доследно на меѓународното право, е гаранција за безбедност, стабилност и мир, напиша денеска на „Х“, Хусеин ал-Шеик, генерален секретар на Извршниот комитет на Организацијата за ослободување на Палестина.
Решението за две држави предвидува право да коегзистираат две посебни независни држави - израелската и палестинската.
-Палестинското раководство „ги отфрла сите повици за раселување на Палестинците од нивните татковини, додаде Шеик. „Тука сме родени, овде живеевме и тука ќе останеме“, нагласи тој.
По средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа, Трамп вчера изјави дека „САД ќе ја преземат контролата врз Појасот Газа“ и дека околу два милиони Палестинци треба да бидат раселени во други земји.
Присилното раселување на Палестинците би било спротивно на меѓународното хуманитарно право, забележува ДПА. мс/
фото: МИА архива