Пакистанските талибаци ја презедоа одговорноста за самоубиствениот напад во Исламабад
- Пакистанските талибанци ја презедоа одговорноста за денешниот самоубиствен напад во Исламабад, при кој загинаа најмалку 12 лица, а 27 се повредени. „Денеска еден од нашите членови нападна суд во Исламабад“, соопшти исламистичката организација.
Карачи, 11 ноември 2025 (МИА) - Пакистанските талибанци ја презедоа одговорноста за денешниот самоубиствен напад во Исламабад, при кој загинаа најмалку 12 лица, а 27 се повредени.
„Денеска еден од нашите членови нападна суд во Исламабад“, соопшти исламистичката организација.
Во изјавата се наведува дека ќе бидат изведувани напади „против оние што донесуваат или спроведуваат одлуки засновани на неисламски закони и против нивните заштитници, сè додека шеријатот не завладее во целата земја“.
Очевидци изјавиле дека напаѓачот чекал пред зградата на судот пред да го активира експлозивот, во близина на полициско возило.
Пакистан, кој се соочува со зголемен број напади врз своите безбедносни сили, бара од Авганистан – под власт на авганистанските талибанци – да престане да ги поддржува пакистанските талибанци. Кабул негира дека им нуди засолниште.
Иако двете страни постигнаа примирје, не успеаја да се договорат за деталите во неколкуте рунди преговори.
Пакистанскиот министер за одбрана Хаваџа Асиф го оцени нападот како „сериозен и загрижувачки сигнал“. ссм/
фото: ЕПА