Падна договор: Мората оди во Истанбул
- Трансферот на Алваро Мората од Милан во Галатасарај е договорен и останува само играчот да помине лекарски преглед.

Истанбул, 1 февруари 2025 (МИА) - Трансферот на Алваро Мората од Милан во Галатасарај е договорен и останува само играчот да помине лекарски преглед.
Напаѓачот дојде во Милан ова лето како европски шампион. Се очекуваше тој да го предводи нападот на „росонерите“, но очигледно е дека раководството, а можеби и новиот тренер Серхио Консеисао, не се задоволни од настапот.
Сезонава има шест гола и две асистенции на 25 натпревари. Така раководството на италијанскиот и европски гигант реши да се обиде да му обезбеди нова работа веќе во овој преоден рок.
И дојде до Галатасарај. Договор има и Мората оди во Истанбул на позајмица до крајот на сезоната, со опција за продолжување на уште една година. Вклучена е и клаузула за потенцијален откуп.
Ова ќе биде четврта земја за Мората во која настапува по Шпанија (Реал и Атлетико Мадрид), Италија (Јувентус, Милан) и Англија (Челси). дс
Фото: Архива