• петок, 21 февруари 2025

Официјален претставник на администрацијата на Трамп нареди американската Агенција за финансиска заштита на потрошувачите да престане со работа

Официјален претставник на администрацијата на Трамп нареди американската Агенција за финансиска заштита на потрошувачите да престане со работа

Вашингтон, 10 февруари 2025 (МИА) - Официјален претставник на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Бирото за финансиска заштита на потрошувачите да ја запре речиси целата своја работа, практично затворајќи ја агенцијата што беше формирана за заштита на потрошувачите по финансиската криза во 2008 година, јавија американските медиуми.

Расел Воте, новоименуваниот директор на Канцеларијата за менаџмент и буџет, и нареди на агенцијата да ја прекине работата на своите истраги и да не започнува нови.

Агенцијата беше мета на конзервативците откако претседателот Барак Обама се заложи за нејзино вклучување во законодавството за финансиски реформи од 2010 година што следеше по финансиската криза 2007-2008 година.

Воут, исто така, и нареди на агенцијата „да ги прекине сите активности за надзор и инспекција“.

Бидејќи Бирото за финансиска заштита на потрошувачите беше создадено од Конгресот, ќе биде потребен посебен акт на законодавниот дом за официјално да се укине. зш/

Остани поврзан