Отстранети одрони на локални патни правци во Кочанско
Кочани, 9 јануари 2026(МИА) - Утрово, со помош на механизација на КЈП „Водовод“, е извршена интервенција за отстранување на свлечиште на патот меѓу селата Бели и Пантелеј. По завршената интервенција, патниот правец е целосно расчистен и повторно прооден за сообраќај, информира Општината Кочани.
Истовремено, со механизација е отстранет и одрон на патниот правец Кочани – Брана Гратче, со што е овозможено безбедно одвивање на сообраќајот.

Одроните и свлечиштата на локалните патни правци во Кочанско се последица на обилно надојдените води после неколкудневните врнежи од дожд.
Надлежните апелираат до возачите да управуваат со моторните возила внимателно и претпазливо и да ја приспособат брзината според условите на патот. ис/вг/
фото: Општина Кочани