Отворен ден во прилепските средни училишта
- Во прилепските средни училишта денеска се одржува „Отворен ден“ на кој идните средношколци, деветтооделенците, се запознаваат со атрактивноста на насоките и струките.
Прилеп, 14 мај 2026 (МИА) - Во прилепските средни училишта денеска се одржува „Отворен ден“ на кој идните средношколци, деветтооделенците, се запознаваат со атрактивноста на насоките и струките.
Во четирите стручни средни училишта и во Гимназијата „Мирче Ацев“ треба да се запишат околу 800 деветтоодделенци од Прилеп и од соседните општини.

Најголемото училиште со 859 ученици е средното „Ристе Ристески Ричко“ кое нуди атрактивни занимања и е пионер во дуалното образование.
- Нудиме повеќе сектори: електромашинство, сектор електротехника и информатички технологии, потоа сообраќај, транспорт и складирање, сектор графичарство и спортската гимназија. Во план е да се оформат 10 паралелки со новите средношколци. Од пазарот на трудот најголема побарувачка има за занимањата, објаснува Цветанка Ѓорѓиеска, директорка на СОУ „Ристе Ристески-Ричко“.
Средното училиште „Ѓорче Петров“ планира да запише нови 254 ученици во медицинските, текстилната струка, во услужните дејности и во геолошко рударската струка.

- Нудиме атрактивни занимања во четири струки со осум паралелки. Четири паралелки се од медицинската струка, а место има за 136 ученика, во секторот лични услуги ќе се запишат 68 ученици, а по 25 ученици ќе се запишат во секторите текстил и кожа и во геологија и рударство. Нашето мото е „Денес ученик, утре стручњак“, вели Жанета Видевска, директорка на СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп.
За учениците атрактивни се и занимањата во средното училиште „Орде Чопела“. Гимназијата „Мирче Ацев“ со реформите ќе биде општо образование без насоки. Таму од 7 паралелките ќе се намалат на 5, иако од гимназијата велат дека ќе запишат ист број ученици.
Во петте средни училишта во Прилеп има околу 3 000 ученици.ем/са/
Фото: МИА