• петок, 03 мај 2024

Ослободен грчкиот пратеник кој вчера физички нападна негов колега во Парламентот

Ослободен грчкиот пратеник кој вчера физички нападна негов колега во Парламентот

Атина, 25 април 2024 (МИА) – Независниот пратеник Константинос Флорос, кој вчера физички го нападна пратеникот од Грчко решение Василис Граменос во грчкиот Парламент, по што и беше уапсен, денеска беше ослободен и изјави дека неговото однесување било погрешно и „не е однесување соодветно за грчки пратеник“, јави дописничката на МИА од Атина.

Единствениот услов што истражниот судија и обвинителот му ги одредија на Флорос е забрана да му се приближува на Граменос на растојание помало од 50 метри.

Флорос, кој на изборите во јуни минатата година беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, а неодамна ја напушти и стана независен пратеник, за време на вчерашната пленарна седница во Парламентот започнал вербална расправија со пратеникот од Грчко решение, по што во ходникот и физички го нападнал со тупаници. ср/

Остани поврзан