• сабота, 22 февруари 2025

Орбан бара ЕУ да ја убеди Украина да го обнови транзитот на руски гас кон Европа

Орбан бара ЕУ да ја убеди Украина да го обнови транзитот на руски гас кон Европа

Будимпешта, 24 јануари 2025 (МИА) – Унгарија бара од Европска Унија да ја убеди Украина да го обнови транзитот на гас од Русија кон Европа, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Неговото барање уследи откако ЕУ најави проширување на санкциите против Русија следната недела.

Будимпешта сè уште не одлучила дали ќе го поддржи проширувањето на ЕУ санкциите кон Москва, што треба да се случи на крајот од месецот. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан