Општина Струмица: До 3 март треба да се дополнат барањата за легализација на бесправно изградени објекти
- Општина Струмица ги известува сите физички и правни лица кои имаат поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект на подрачјето на Општина Струмица, а за кое во предметната постапка не е донесено решение поради некомплетна документација, да го дополнат своето барање за легализација со потребните докази најдоцна до 3 март годинава, соопштија денеска од локалната самоуправа.
Струмица, 22 јануари 2026 (МИА) - Општина Струмица ги известува сите физички и правни лица кои имаат поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект на подрачјето на Општина Струмица, а за кое во предметната постапка не е донесено решение поради некомплетна документација, да го дополнат своето барање за легализација со потребните докази најдоцна до 3 март годинава, соопштија денеска од локалната самоуправа.
-Сите засегнати лица навремено да се обратат во просториите на Општина Струмица, Сектор за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште, на ул. „Ленинова“ бр. 15, со цел да се информираат за статусот на своето барање и да ја достават потребната дополнителна документација во наведениот рок, се наведува во соопштението.
Од Општината напоменуваат дека важноста на Законот за постапување со бесправно изградени објекти истекува заклучно со 3 март 2026 година. рт/са/
Фото: МИА архива