• сабота, 17 јануари 2026

Општина Битола ќе вложи 4,7 милиони евра во спортска училишна инфраструктура

Општина Битола ќе вложи 4,7 милиони евра во спортска училишна инфраструктура

Битола, 16 јануари 2026 (МИА) - Општина Битола годинава ќе вложи 4,7 милиони евра во спортската училишна инфаструктура, со цел подобрување на условите за функционирање на училиштата и во делот на спортските активности.

Од Општина Битола информираат дека во капиталните расходи на Развојната програма, обезбедени се средства со кои ќе се завршат проектите, односно реконструкција на објектот на спортската сала во Бистрица. Изградба на три типски училишни спортски сали во ОУ „Стив Наумов“, подрачното училиште „Даме Груев“ во Долно Оризари и централното ОУ „Тодор Ангелевски“ во населбата Ушици. Исто така ќе започне и изградбата на спортски игралишта во училиштата „Гоце Делчев“, „Даме Груев“, „Коле Канински“ во населба „Буковски ливади“, подрачното училиште „Тодор Ангелевски“ во населбата „Горно Оризари“, потоа игралиштето во поранешното турско училиште во ОУ „Гоце Делчев“, и во ОУ „Тодор Ангелевски“ во населбата Ушици. 

Локалната самоуправа планира реконструкција на спортските игралишта во основните училишта „Климент Охридски“, „Трифун Пановски“, „Ѓорги Сугарев“ и во населбата „Стрелиште“. 

Овие проекти се реализираат со средства од Владата во вкупна вредност од 227,8 милиони денари, а Општина Битола од основниот буџет обезбедува 61,5 милиони денари.мт/вј

Фото: МИА

Остани поврзан