• сабота, 22 февруари 2025

ОН соопштија дека повеќе нивни вработени се уапсени од бунтовниците Хути во Јемен

ОН соопштија дека повеќе нивни вработени се уапсени од бунтовниците Хути во Јемен

Бејрут, 24 јануари 2025 (МИА) – Обединетите нации денеска соопштија дека јеменските бунтовници Хути повторно го привеле нивниот персонал во земјата погодена од војна.

Тие беа приведени во области под контрола на милицијата поддржана од Иран, соопшти канцеларијата на ОН во Јемен. За да се заштитат вработените, сите официјални движења во овие области се суспендирани до понатамошно известување, се вели во соопштението.

Инцидентот се случил вчера, пренесе ДПА. Првично не беа објавени дополнителни детали, вклучително и колку луѓе биле приведени.

Милицијата не го коментираше инцидентот. Хутите претходно во неколку наврати приведуваа вработени во Обединетите нации. јт/

Остани поврзан