• сабота, 22 февруари 2025

ОН ги суспендира сите патувања на својот персонал во областите контролирани од бунтовниците Хути

ОН ги суспендира сите патувања на својот персонал во областите контролирани од бунтовниците Хути

Дубаи, 24 јануари 2025 (МИА) - Обединетите нации денеска ги суспендираа сите патувања во областите што ги држат јеменските бунтовници Хути, откако милитантите од тоа движење приведоа неколку работници на Обединетите нации.

Соопштението доаѓа откако Хутите уапсија претставници на ОН, како и лица поврзани со поранешната американска амбасада во Сана и хуманитарни групи.

„Вчера, де факто властите во Сана приведоа дополнителен персонал на ОН кој работеше во областите под нивна контрола“, се вели во соопштението на ОН.

„За да се осигура безбедноста на својот персонал, Обединетите нации ги суспендираа сите официјални движења во областите под контрола на Хутите“, се додава во соопштението.

Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи повторно да ги назначи Хутите за терористи.

Хутите претходно оваа недела рекоа дека ќе ги ограничат нивните напади врз бродови во Црвеното Море. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан