ОН ги осудуваат егзекуциите на украински воени заробеници
- Обединети нации денеска го осудија зголемениот број егзекуции на украинските војници кои беа во заробеништво на руските сили во изминатите месеци

Киев, 3 февруари 2025 (МИА) – Обединети нации денеска го осудија зголемениот број егзекуции на украинските војници кои беа во заробеништво на руските сили во изминатите месеци.
Од почетокот на руската инвазија врз Украина, Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за убивање на воени заробеници, што е воено злосторство.
Набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина соопшти дека од крајот на август „забележала 79 егзекуции во 24 одвоени инциденти“.
Мисијата исто така регистрирала егзекуција на „повреден и онеспособен“ руски војник минатата година од страна на украинската армија. ми/
фото: МИА архива