• петок, 21 февруари 2025

ОН ги обвинија суданските Сили за брза поддршка за попречување на испораката на помошта за Дарфур

ОН ги обвинија суданските Сили за брза поддршка за попречување на испораката на помошта за Дарфур

Њујорк, 10 февруари 2025 (МИА) - Обединетите нации ги обвинија паравоените Сили за брза поддршка, кои се дел од суданските вооружени сили, за попречување на испораката на витална помош во регионот Дарфур погоден од глад, пренесоа светските агенции.

„Постојаните ограничувања и бирократските пречки“ наметнати од паравоените Сили за брза поддршка спречуваат помошта да стигне до оние на кои им е потребна. Светот гледа и неприфатливо е хуманитарната заедница во Судан да не може да обезбеди витална помош“, рече Клементин Нквета-Салами, хуманитарна координаторка на ОН во Судан.

Армијата го контролира северниот дел на Судан, а паравоените Сили за брза поддршка го контролираат речиси целиот Западен Дарфур. Градот Ел Фашир е единствениот во Дарфур, кој не е под нивна контрола. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан