• сабота, 22 февруари 2025

УНХЦР: Во Италија во јануари пристигнале 54 отсто повеќе мигранти отколку во јануари 2024 година

УНХЦР: Во Италија во јануари пристигнале 54 отсто повеќе мигранти отколку во јануари 2024 година

Рим, 3 февруари 2025 (МИА) - Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) денеска соопшти дека 3.479 мигранти пристигнале на брегот на Италија во јануари, што е зголемување за 13 отсто во однос на 3.080 колку што пристигнаа во декември и зголемување од 54 отсто во однос на јануари минатата година.

Се наведува дека околу 99 отсто од луѓето кои пристигнале во Италија минатиот месец тргнале од Либија, а околу 83 отсто се симнале на јужниот остров Лампедуза, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Во соопштението се наведува и дека мигрантите најчесто доаѓаат од Бангладеш (35 отсто), Пакистан (22 отсто), Сирија (13 отсто), Египет (осум отсто), Етиопија (пет отсто), Еритреја (четири отсто), Алжир, Мароко и Сомалија по два отсто. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан