• четврток, 19 март 2026

Одредени четвртфиналните парови во македонскиот одбојкарски Куп

Одредени четвртфиналните парови во македонскиот одбојкарски Куп


Скопје, 27 февруари 2026 (МИА) – Бранителот на куп-титулата во машка конкуренција Штип УГД ќе се соочи со Лирија за место во завршниот турнир од Купот на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ), додека во женска конкуренција Наковски Волеј ќе игра со градскиот ривал Струмица жени во четвртфиналната фаза од натпреварувањето.
Вака одреди денешната полудиригирана ждрепка, во која клубовите беа поделени во два „шешири“ според пласманот на табелата по завршувањето на есенскиот дел од сезоната.
Кај мажите, ланскиот финалист и актуелен шампион Струмица 47&72 во четвртфиналето ќе се соочи со Шкендија, додека Работнички 71&22 за противник го доби Универзитет во Тетово. Последната двојка кај мажите е ГОК Борец – Сушево.
Во женска конкуренција, жрепката одреди во четвртфионалето да се сретнат Газели Волеј – Пелистер Волеј, Младост УГД – Јанта Волеј КВ и Работнички Скопје – Вардар ЕМ.
Четвртфиналните натпреварите ќе се играат на 4 март, а победниците ќе се пласираат на финалниот турнир. ег
ФОТО: ОФМ

Остани поврзан