Огромен интерес за тутунопроизводство
- Огромен е интересот за тутунопроизводство и годинава се очекуваат рекордни, преку 31,5 илјади тони тутун. Заврши склучувањето договори со откупшувачите за годинашново тутунопроизводство кое се етаблираво една од најисплатвите земјоделски култури во моментов во земјава.
Прилеп, 25 април 2025 година (МИА) - Огромен е интересот за тутунопроизводство и годинава се очекуваат рекордни, преку 31,5 илјади тони тутун. Заврши склучувањето договори со откупувачите за годинашново тутунопроизводство кое се етаблира во една од најисплатвите земјоделски култури во моментов во земјава.

- Заврши склучувањето договори на тутунарите со откупувачите за годинашнава реколта тутун. Склучени се 35 227 договори за производство на 31 575 тони тутун на околу 15 000 хектари. Интересот е зголемен зашто во моментов, оваа култура во земјоделството е најдоходовна. Подобро платена култура од тутунот во моментов немаме, така, сите тутунари ги зголемуваат површините, токму зашто е зголемена цената за откуп, објаснува Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија.

Миле Трајкоски од прилепско Мало Коњари годинава двојно ги зголемил површините со тутун. Смета дека во моментов е исплатлива земјоделска култура и очекува добра година, голем род и уште повисоки цени.
- Лани имав 40, а годинава површините со тутун ги зголемив на 80 декари. Најисплатливо ми е. Очекувам добра година, но и повисоки цени. Барем откупната да е околу 500 денари и со субвенциите да премине преку 600 денари за килограм, вели Трајкоски.
Откупувачите не понудија поголеми зголемувања на цените, но од Сојузот инсистираат дека нема да се откажат и преку анекс договорите да се зголемат цените.

- Ние нема да се откажеме од барањето за зголемување на цените. И пред откупот, тоа да се регулира со анекс на договорите. Доколку откупувачите инсистираат на нивните цени, очекуваме дека тутунот ќе се откупи во прва класа, вели Кире Ристески, претседател на Сојузот.
Во тек е расадопроизводството, а за 15-тина дена ќе почне садењето на тутунот. Субвенциите за лани се очекуваат до крајот на месецов. ем/ац/
Фото: МИА