Објавен конкурсот за годишната Литературна награда на ЕБОР за 2026 година
- Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го објави конкурсот за годишната Литературна награда на ЕБОР за 2026 година. Наградата се доделува за литературно дело од областа на белетристика, кое е преведено на англиски јазик од јазик на земја каде ЕБОР инвестира и е отпечатена по прв пат во измината година.
Скопје, 18 ноември 2025 (МИА) - Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го објави конкурсот за годишната Литературна награда на ЕБОР за 2026 година. Наградата се доделува за литературно дело од областа на белетристика, кое е преведено на англиски јазик од јазик на земја каде ЕБОР инвестира и е отпечатена по прв пат во измината година.
Како што информираат од ЕБОР, доставувањето на романи, или збирка на кратки раскази од еден автор, е до 8 декември 2025 година, и ќе се разгледува од независно жири на судии.
Победникот ќе биде прогласен на церемонијата за доделување на награди во дирекцијата на Банката во Лондон, на 2 јули 2026 година.
Авторот на делото кое ќе победи, ќе добие 20.000 евра, кои ќе бодат еднакво поделени помеѓу авторот и преведувачот.
Автори на дела од Бенин, Брегот на Слоновата коска, Ирак, Кенија, Нигерија и Сенегал, за прв пат ќе можат да учествуваат на конкурсот, бидејќи станаа членки на ЕБОР во изминатава година.вј/вг/
Фото: ЕБОР