• петок, 05 декември 2025

ОАЕ најверојатно нема да испрати војници во Појасот Газа без јасна рамка

ОАЕ најверојатно нема да испрати војници во Појасот Газа без јасна рамка

Абу Даби, 10 ноември 2025 (МИА) – Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) најверојатно нема да се придружат на силите, предвидени во планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа, без „јасна рамка“.

ОАЕ сè уште не гледаат јасна рамка за стабилизациска сила и, под овие околности, веројатно нема да учествуваат во такви сили, изјави советникот на претседателот на ОАЕ, Анвар Гаргаш.

Тој додаде дека ОАЕ „ќе ги поддржат сите политички напори за мир и ќе останат на чело на хуманитарната помош“.

Гаргаш потсети дека ОАЕ одвоиле 2,57 милијарди долари помош за Појасот Газа од почетокот на војната помеѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас.

Трамп минатата недела изјави дека многу наскоро“ ќе бидат распоредени меѓународните сили во Појасот Газа. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан