НСП против мешање на политиката и партиите во работничкиот протест
- Згрозени сме од мешањето на политиката и од поддршката што опозициските партии преку повици и мобилизирање на членството оркестрирано ја даваат за денешниот работнички протест, кој ние како синдикат го поддржавме.
28 јануари 2026
Згрозени сме од мешањето на политиката и од поддршката што опозициските партии преку повици и мобилизирање на членството оркестрирано ја даваат за денешниот работнички протест, кој ние како синдикат го поддржавме.
Бараме од ССМ веднаш да излезе со став дека на денешните протести не им се потребни и добредојдени ниту политичарите ниту поддржувачите на политички партии. Дека истите тие пред две години имаа можност да направат нешто повеќе за работникот и дека на државата во моментот не ѝ е потребна нова шарена револуција, туку подобар стандард на граѓаните.
Доколку ССМ не излезе со ваков јасен став, само ќе ја потврди изјавата на премиерот дека денешните протести не се протести за плата, туку за политичка пресметка и дека во моментот помеѓу ССМ и СДСМ постои само една буква разлика. ЌЕ ПОБЕДИМЕ! https://www.facebook.com/share/p/1GwGhrsSUW/
НЕЗАВИСЕН СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈАТА