• вторник, 23 декември 2025

Нормализиран сообраќајот на автопатот Гостивар - Тетово

Нормализиран сообраќајот на автопатот Гостивар - Тетово

Гостивар, 24 мај 2025 (МИА) – По прекинот заради увид при сообраќајна незгода која претпладнево се случи на автопатот Гостивар – Тетово, од пред еден час, сообраќајот е нормализиран и се одвива без ограничувања. Возачот на камионот кој се превртел на коловозот е полесно повреден.

Портпарлот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи информираше дека околу 10:15 часот е пријавено дека на автопатот Гостивар – Тетово, на еден километар после наплатна станица Гостивар, камион со скопски таблички се превртел на патот.

- Товарно возило „Рено“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ф.Џ.(23) од гостиварско Калишта, се превртело на патот. Во незгодата, возачот се здобил со телесни повреди, изјави Реџепи за МИА.

Патниот правец беше затворен и сообраќајот се пренасочуваше по околните патишта. згм/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан