Новогодишни пакетчиња за децата од ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“, ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ и децата со оштетен слух и говор од ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“
- Градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска и отец Оливер Петровски од Хуманитарната Организација „Св. Спас“, денес ги посетија дечињата од ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“, ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ и децата со оштетен слух и говор од ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“. Во рамки на посетата, им поделија новогодишни пакетчиња и им посакаа среќни празници.
Скопје, 26 декември 2025 (МИА) - Градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска и отец Оливер Петровски од Хуманитарната Организација „Св. Спас“, денес ги посетија дечињата од ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“, ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ и децата со оштетен слух и говор од ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“. Во рамки на посетата, им поделија новогодишни пакетчиња и им посакаа среќни празници.

Градоначалничката, информираат од локалната самоуправа, посочи дека задоволството од ваквите средби претставува дополнителен поттик за континуирана работа, со јасна определба Општина Кисела Вода и во 2026 година активно да спроведува политики и мерки за унапредување на квалитетот на живот на лицата со попреченост.
-Секогаш се радувам на средбата со овие дечиња и на можноста Новогодишните и Божикните празници да им ги збогатиме со мигови на кои ќе се сеќаваат. Заедно со мојот драг пријател отец Оливер Петровски и хуманитарната организација „Свети Спас”, каде со негова поддршка оваа денешна благородна мисија е успешна, им поделивме пакетчиња и им посакавме среќни празници и година исполнета со многу здравје и радост. Големо е задоволството кога ја гледаме радоста кај нив, а нашата заложба е и во 2026 година, Општина Кисела Вода активно да продолжи со спроведување бројни иницијативи и проекти насочени кон поддршка и унапредување на квалитетот на живот на лицата со посебни потреби, истакна Стаменкоска Трајкоска.
Веруваме, додаде, дека преку нашите континуирани активности ќе дадеме значаен придонес во унапредување на инклузивноста, создавање општество без предрасуди и обезбедување еднакви можности и права за лицата со попреченост.
Ги повика сите деца од општината во вторник на 30 декемви од 10:00 часот во паркот Шопен на заедничка дружба и Новогодишна програма.вј/
Фото: Општина Кисела Вода