Новата малцинска влада на Холандија ќе положи заклетва на 23 февруари
- Новата влада на партиите Демократи-66, Народната партија за слобода и демократија и Христијанско-демократскиот апел ќе стапи на должност на 23 февруари. Ова официјално го објави денеска Државната информативна служба (RVD) на земјата.
Амстердам, 11 февруари 2026 (МИА) - Новата влада на партиите Демократи-66, Народната партија за слобода и демократија и Христијанско-демократскиот апел ќе стапи на должност на 23 февруари. Ова официјално го објави денеска Државната информативна служба (RVD) на земјата.
Датумот долго време се спомнуваше како ден на кој малцинската влада ќе стапи на должност, објавија медиумите.
Министрите изутрината на 23 февруари ќе положат заклетва пред кралот, а попладне ќе се одржи првата седница на Советот на министрите. Вечерта министрите ќе се сретнат со новинарите во официјалната резиденција Катшуис. рп/м/
Фото: МИА архива