Израел делумно ќе го отвори воздушниот простор в четврток
- Израелската министерка за транспорт Мири Регев изјави дека аеродромот Бен-Гурион ќе се отвори повторно в четврток за ограничени дојдовни летови со цел да се вратат дома граѓаните заглавени во странство.
Тел Авив, 3 март 2026 (МИА) - Израелската министерка за транспорт Мири Регев изјави дека аеродромот Бен-Гурион ќе се отвори повторно в четврток за ограничени дојдовни летови со цел да се вратат дома граѓаните заглавени во странство.
Ппретходно денеска, Јордан соопшти дека ќе го отвори својот воздушен простор. Но, големите затворања и ограничувања на воздушниот простор остануваат на сила низ целиот Блиски Исток, со десетици илјади патници блокирани. мс/
фото: Архива