• петок, 20 февруари 2026

„Нова/рс“: Канцеларијата во Белград на обвинителот што го води случајот „Настрешник“ изгорела

„Нова/рс“: Канцеларијата во Белград на обвинителот што го води случајот „Настрешник“ изгорела

Белград, 21 јануари 2026 (МИА) - Неколку простории што беа оштетени во пожарот на горниот кат од зградата на Специјалниот суд во Белград ги користи Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК), а „Нова/рс“ објави фотографија на која се гледа што останало од канцеларијата на еден од обвинителите што работи на финансиската истрага во случајот „Настрешник“. Вработените успеале да го изнесат тој, но и други предмети, навреме.

Како што неофицијално дознава „Данас“, во пожарот биле спасени 90 регистратори со предмети, меѓу кои и предмети за падот на настрешникот на железничката станица во Нови Сад. Во тој случај биле вклучени тројца обвинители, а една од трите канцеларии во кои биле сместени предметите за настрешникот изгорела во пожарот во понедленикот, објави „Данас“.

Засега не е познато како избувнал пожарот, пишува медиумот, а истрагата ја презеде Вишото јавно обвинителство во Белград.

Пламен и чад првин се појавија на таванот од кабинетот на горниот кат, а благодарение на брзата реакција на обвинителите, другите вработени и судскиот чувар, кој веднаш дошол на помош, предметите што се наоѓале во загрозените кабинети биле навремено изнесени и спасени.

Според медиумот, освен случајот „Настрешник“, меѓу спасените и презентираните случаи е и истрагата во случајот на Милорад Грчиќ, поранешен директор на „Електростопанство“ на Србија. Јавноста првин шпекулира дека случајот „Генералштаб“, меѓу другите, бил во изгорените кабинети, но како што дознава „Нова/рс“, обвинителот што ги има тие досиеја нема кабинет на горниот кат на кој избувнал пожарот. зш/сд/

Остани поврзан