• понеделник, 05 јануари 2026

Нова година, нов почеток- прзниците како поттик за успешни љубовни врски

Нова година, нов почеток- прзниците како поттик за успешни љубовни врски

Вашингтон, 5 јануари 2026 (МИА) - Според психологот Сабрина Романоф од Њујорк, успешните парови ја користат Новата година како можност да ја зајакнат врската преку разговор за заедничките вредности, очекувања и идни планови.

Романоф, која е и експерт за партнерски односи на апликацијата за запознавање „Хајли“ ( „Hily“), за Си-ЕН-Би-Си (CNBC) истакнува дека празниците се период кога луѓето прават „лична трансформација“ размислувајќи што сакаат од иднината и дали нивниот партнер се вклопува во тие планови. Според неа, најважното нешто што успешните парови го прават на почетокот на годината се сведува на еден суштински разговор во два дела: осврт на изминатата година и процена на тоа што функционирало во врската, со фокус на моментите на искреност и длабока поврзаност. Додека пак вториот дел се однесува на заеднички поглед кон иднината и на начините како односот може дополнително да се унапреди. Според неа, најважно е желбите за промени да се искажат како поттик, а не како критика.

-Наместо забелешки, разговорот треба да биде исполнет со уважавање, на пример: ‘Ми се допаѓа кога го правиш „ова“ или „tогаш се чувствувам најповрзано со тебе“, објаснува Романоф. Целта е партнерите јасно да се искажат што сакаат и каков да биде „патот“ по кој сакаат заедно да одат. мв/сд/  

Фото: МИА архива

 

 

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан