• вторник, 24 март 2026

Нов пораз на Тотенхем во Премиер лигата

Нов пораз на Тотенхем во Премиер лигата

 

Лондон, 22 март 2026 (МИА) – Лондонски Тотенхем, предводен од хрватскиот тренер Игор Тудор, претрпе уште еден пораз во Премиер лига со што неговиот опстанок во елитното друштво е сè повеќе под знак прашалник. Во дуелот меѓу директните конкуренти за опстанок, Нотингем Форест денеска го совлада Тотенхем во Лондон со 3-0.

Головите за Нотингем Форест ги постигна Игор Жезус (45), Гибс – Вајт (62) и Таиво Авонији (87).

Тотенхем, кој нема премиерлигашка победа од 28 декември минатата година, сè уште е над зоната за испаѓање, но има само бод предност пред градскиот ривал Вест Хем. Кој попладнево, исто така, загуби на гостувањето во Бирмингем од Астон Вила со 2-0. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан