• сабота, 22 февруари 2025

Нов обид за оживување на кариерата: Бенџамин Менди потпиша за Цирих

Нов обид за оживување на кариерата: Бенџамин Менди потпиша за Цирих

Цирих, 12 февруари 2025 (МИА) - Контроверзниот фудбалер Бенџамин Менди потпиша за Цирих каде уште еднаш ќе се обиде да ја оживее својата некогаш успешна кариера.

Французинот потпиша договор со швајцарскиот клуб до крајот на годината, а на грб ќе го носи бројот три. Менди доаѓа од Лориен, каде остана сезона и половина, а најдобрите денови ги имаше во Манчестер Сити, каде како стартен лев бек освои неколку трофеи. Сепак, неговата кариера го допре дното кога беше обвинет за неколку случаи на силување и злоставување, за што помина одредено време во затвор.

За тоа време „граѓаните“ не му плаќаа, а откако беше ослободен од сите обвиненија, реши да го тужи својот поранешен клуб. И двата случаи беа во негова корист.

Цирих моментално е осми во поредокот на швајцарскиот шампионат, со осум бода помалку од Базел, актуелниот лидер во првенството. дс

Фото: Х/ФК Цирих

Остани поврзан