• понеделник, 15 декември 2025

Ница загуби девет натпревари по ред и постави клупски негативен рекорд

Ница загуби девет натпревари по ред и постави клупски негативен рекорд

Ница, 15 декември 2025 (МИА) - Ница викендот претрпе пораз со 2:0 на гостински терен од Ленс во 16. коло од француското фудбалско првенство.

„Орлите“ го претрпеа својот деветти последователен пораз во сите натпреварувања. Оваа серија е најдолга во историјата на клубот. 

Последен пат Ница освои бодови на 29 октомври, победувајќи го Лил со 2:0 во Лига 1.

Во 2025 година, Ница претрпе 24 порази, нивниот најлош биланс во последните 40 години. Во 1987 година, клубот исто така загуби 24 натпревари за една година.

На 1 декември, околу 400 навивачи влегоа во тренинг-центарот на клубот и вербално и физички ги нападнаа играчите. 

Ница има 17 бода и е на 13. место на табелата во француското првенство. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан